Таравари почна одлично и почна да ги штити „своите“

Клиниката за неурологија не е меѓу првите пет клиники каде што министерот за здравство Таравари испратил ненајавена инспекција.



Надзорот бил извршеан на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство каде хигиената не е на задоволително ниво, а медицинскиот отпад не се селектира прописно.

Проверки биле изврешни и  во Ургентниот центар, на Ортопедија и во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, и на Трауматологија но не и на клиниката за неврологија каде што Таравари работеше  пред да стане министер.

„Предвидено е да се изврши надзор во сите универзитетски клиники, како и во други јавни здравствени установи низ државата. Целта е одблиску да се увиди состојбата во установите и да се донесат конкретни мерки, доколку се воочат определени недостатоци“, се вели во писмената изјава на Таравари.

Слични ненајавени инспекции во здравствените клиники правеше и екс министерот за здравство Никола Тодоров кој пред 6 години нареди проверка на 14 јавни здравствени установи по што одговорни лица заработија парични казни поради грешки во работата.