Вака Арбен Таравари, од коалицијата ВРЕДИ ја оценува одлуката на ЕУ за раздвојување на Албанија и Македонија од европскиот процес во интервју за Гласот на Америка на македонски .



„Генерално мислам дека раздвојувањето не е убаво.

Јас сум среќен што Албанија ги започна преговорите, и би сакал и ние заедно да ги започнавме, меѓутоа се надевам дека што поскоро и Македонија ќе ги започне преговорите.

Ова се последици од минатата влада“, вели актуелниот министер за здравство.

„Сите треба да бидеме свесни.

Пред сѐ, знаете, Албанија направи многу реформи, на Македонија тоа и недостасува, за жал.

И сега, како Влада, имаме шанса да направиме многу реформи. Исто така, Албанија во последните две години серозно се бореше со криминалот, ние имавме Специјално јавно обвинителство, кое даваше некаква надеж и самите го уништивме, така што пред нас е и борбата против криминалот, меѓутоа не го забораваме европскиот пат“.