Таравари: Османи не ги јакнеше врските Р*М-Косово-Албанија, тоа му е морална и национална обврска како Албанец!

„Кандидатот за претседател на * Македонија од oбединетата албанска опозиција Арбен Таравари кажа дека неговиот противкандидат Бујар Османи имал скандали и оти бил критикуван во кариерата. Таравари го критикуваше и пристапот на Османи кон Косово, велејќи дека тој не работел на зајакнувањето на Врските меѓу Р*М и Косово.“ – објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Приштина.



„Бота сот“ ја цитира изјавата на Таравари во овој контекст: „Министрите за надворешни работи од триаголникот Приштина-Скопје-Тирана, кои се Албанци,  имаат и морална и национална обврска да ги зајакнуваат врските меѓу Косово, * Македонија и Албанија. Бујар Османи не го направи ова.“