Министерот за здравство Арбен Таравари во објава на Фејсбук бара од албанската опозиција да биде поконструктивна, додавајќи дека нивните обвинувања се смешни.



„Новата влада, чиј дел сме и ние, од пред неколку дена почна со работа.
Ние сме како оние кои се уште не се вселиле во нова куќа, а некој ги обвинува дека не им е доб ро испеглана завесата.

…Како невролог разбирам дека стравот го убива разумот, а опозицијата се плаши. Почнаа уште пред да добиеме мандат.

Сè уште се платени како административци на државата, а ни велат дека не си ја вршиме работата како што треба, ние што уште не сме влегле на позициите!“.

Тој до опозицијата упатува предлог:

„Средете си ги редовите, чекајте трпеливо и запомнете дека тоа што го уништувавте 22 години не може да се поправи за една недела!

Соработувајте со конкретни предлози бидејќи секако ни требаат идеи и да: критикувајте не’ кога грешиме…но ве уверувам дека направивте толку голема штета што неколку години секоја критика што ќе ја дадете ќе биде автогол!“, напиша Таравари.