Таравари: Можевме и ние да му се придружиме на Али Ахмети, но АА ќе пропаднеше со својата кауза, која беше отстранување на ДУИ од власта!

„Сега на страната на Зијадин Села останаа само еден грст луѓе.  Можевме и ние да му се придружиме на Али Ахмети, да се споиме со ДУИ, но Алијансата за Албанците ќе пропаднеше како партија, бидејќи немаше да има ниту легитимитет, ниту причина. Но, ние помогнавме да дојде до промена. Напишавме историја, со тоа што им донесеме промени на Албанците по 22 години политика.“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервјуто за весникот „Лајм“, а пренесе информативната агенција „Журнал“.



Таравари нагласи дека не се откажал никогаш од каузата на Алијансата за Албанците, која имала врска со отстранувањето на ДУИ од власта. Тој дополни дека е претседател на Алијансата за Албанците не само официјално, туку и поради зачувување на каузата.