„Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ.“ – ова тврдење го изнесе преку својот фејсбук-профил Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата Вреди-членка на Владата, во врска со инцидентот, што се случи вчера на меѓународниот аеродром во Скопје. Неговата објава ја пренесуваат информaтивниот портал „Алмакос“ и ТВ Клан Македонија.
„Алмакос“ објави: Министерот за здравство Арбен Таравари преку статус на својот официјален фејсбук-профил реагираше во врска со вчерашниот инцидент со косовската претседателка Вјоса Османи на меѓународниот аеродром во Скопје. Изнесувајќи го ставот на коалицијата Вреди, Таравари пишува дека се вознемирени, поради тој случај, но според нив, него ДУИ го злоупотребува за пропаганда.
На својот фејсбук-профил Таравари пишува: Како коалиција Вреди ја изразуваме нашата вознемиреност за тоа како ДУИ користи лаги и манипулации во обид да ѝ наштети на Вреди, без да се грижи за последиците што може да му ги донесе на Косово. Ја повикуваме јавноста да ги следи фактите, а не пропагандата на ДУИ.
Ова се фактите: Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот.
Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто не зборува ДУИ за ова? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на патувањата избегнувале скенери. Уште еднаш ја повикуваме ДУИ да престане да шири манипулации и да престане да ги нарушува односите меѓу Косово и * Македонија. Ја повикуваме јавноста да не потпаѓа на на пропагандата на ДУИ.
Home Македонија Таравари: Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на...





