„Министерот за здравство Арбен Таравари покрена истрага за злоупотреба и корупција против поранешниот директор на тетовската Клиничка болница Илир Демири. Таравари рече дека ќе се направат истраги за сите проекти, за кои постојат сомневања за можна корупција и наскоро ќе се огласи со конкретен извештај. Според Таравари, вакви инспекции ќе се вршат во сите клиники и здравствени установи.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: „Ги разгледуваме повеќето институции…Има индиции дека постоеле злоупотреби од страна на поранешниот директор на тетовската Клиничка болница Илир Демири. Но дајте ни простор да потврдиме со докази дали тоа е точно. Ако не е точно, тогаш ќе останат само индикации. Имаме само еден ревизор во Министерството за здравство и повеќе од 150 здравствени институции и го ревидираме работењето на повеќето од нив. Потребно е време да објавиме конкретни извештаи за злоупотреби.“ – рече Таравари.
Но, поранешниот директор на тетовската Клиничка болница Илир Демири категорично ги отфрла обвинувањата на Таравари. „…инвестициите во тетовската болница се транспарентни. Не е добро да се биде обвинет без факти и без основа, особено од човекот, кој води институција. Во клиничката болница во Тетово, за шест месеци колку што раководев со неа, имаше голема револуционерна позитивна промена.“ – изјави Демири.
Министерството за здравство се сомнева дека некои проекти, кои биле реализирани во времето на Демири, се направени без почитување на законските тендерски процедури.
Home Македонија Таравари: Контроли во 150 здравствени институции – Сомнеж за „тендерска корупција“ кон...





