Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе продолжи да раководи со општина Гостивар и вели дека не претендира на министерска функција во идната влада околу која разговараат ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ и.



„Мандатот од граѓаните на Гостивар го добив за 4 години и би било некоректно да се повлечам и да се одржат избори на есен а и другата година повторно да има избори.

Тоа би било малтретирање и за граѓаните но и за политичките партии. Не велам дека имам дефинитивна одлука, ќе седнеме и ќе размислими каква ќе биде стратегијата, но начелно мислам да продолжам како градоначалнил. Имаме доста кадар кој може да раководи со одредени ресори кои се подбори од мене“, изјави Таравари во гостување на ТВ 21.

И Биљал Касами се очекува да го врати пратеничкиот мандат за да продолжи како градоначалник на Тетово.

„…тетовци покажаа дека мене ме чека многу работа во Тетово, работи кои веќе се отворени и треба да се продолжат и треба да се продолжат со одговорност. Ова битка не беше лично моја, туку беше битка на Албанците за да им се врати достоинството“, изјави Касами.

Се уште не се знае дали другите лидери на коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити и Африм Гаши ќе ги предадат пратеничките мандати за да заземат некаква министерска функција, доколку ВРЕДИ стане дел од новата Влада.