„Вреди“ на завршен митинг во Тетово порачаа дека очекуваат поддршка за промена на досегашната власт.
Арбен Таравари кој беше претседателски кандидат нагласи дека иако имал многу понуди од Али Ахмети, тој избрал да биде со народот.
-Ако ме прашате дали сме уморни, признавам да, малку. Ве изморивме и вас реално, со дозвола или без дозвола сме тропнале на секоја врата, но вашето добредојде беше невообичаено. Ќе ветам јавно, дека кога ќе ја правиме владата набрзо, ќе трчаме уште посилно, нема да седиме во фотелјите, туку ќе работиме за вас, што ни ги отворивте вратите кога дојдовме без да тропнеме. Јас имав понуда од Али Ахмети, но ја одбив и јас избрав да бидам со вас и горд сум што го направив овој избор – рече Таравари.
Тој додаде дека историската промена ќе остане запаметена како револуција на светлата.
„Сега сè започна со некои светла од мобилни телефони, кои се палеа дури и кога режимот викаше дека ги гаси светилките на народот… овие светилки се спротивставија… се зголемија и денес тие се светлината на слободата што ја дигнаа земјата на нозе! Сега ги поканувам моите колеги од ВЛЕН на сцената и сакам сите да се фотографираат со вашите светла и да знаат сите дека оваа историска промена ќе биде запаметена како револуција на светлата. Господ да ве благослови”- рече Таравари.
Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами порача дека на 8 мај ќе се казни власта поради лошото раководење.
-Казнувањето на власта што лошо управуваше е наша должност. Затоа сакам да испратам порака до сите службеници во администрацијата и оние што до сега им служеа на Албанците со чесност, на 8 мај, излезете и гласајте за промената што „Вреди“. Не се плашете од заканите на полицијата на ДУИ, од нивните министри и функционери, бидејќи на 9-ти мај за сите тие закани ќе одговараат, ќе одговараат и за нивните антиграѓански и антиправни дејства. Ние заедно со одлучност ја направивме промената во општините, а на 8 мај ќе ја направиме и на централно ниво. Иднината и припаѓа на Коалицијата „Вреди“. Коалицијата „Вреди“ ќе биде неизбежно во владата, како гарант за правата и напредокот на Албанците – истакна Касами.





