Денес слушнав дека Бујар Османи станал пишман за Отворен Балкан и дека ќе предложи излез на Македонија од оваа иницијатива на Вучиќ, поддржана од Лавров. На Пишман аџијата му велиме дека доцна се расонил.
Со овие зборови се обрати кандидатот за претседател на ВРЕДИ, Арбен Таравари, синоќа на митингот во Желино, меѓу другото,истакнувајќи дека неговиот противкандидат дури сега се сетил.
„Останавте сами во ист кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој се плаши од поразот на ДУИ, затоа што се плаши од промената што ВРЕДИ“, истакна Таравари.
Наместо „Отворен Балкан“ кој според Тараввари бил проект против иинтересите на Косово, претседателскиот кандидат зборуваше за визијата на ВРЕДИ.
„Ќе имаме целосна координација со двете албански држави, Албанија и Косово. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од иста крв. Значи, нема да правиме како мојот противкандидат кој својата прва посета како министер за надворешни работи ја направи во Белград и никогаш немаше билатерална посета на Република Косово“, истакна Таравари.






