Во синоќешната емисија „Ноќно студио“ на ТВ Телма, ексминистерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, ја наведе партијата ДУИ како причина зошто, според него, биле избркани од Владата.
Тој најави дека Алијансата ќе ја напушти владината коалиција, но, сепак, ќе останеле во Парламентот и ќе гласаат за сите закони за кои сметаат дека се неопходни за реформите.
Претходно, лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, најави дека ќе останат во владата сè до донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
Причина за ова, меѓу другото, е несогласувањето со СДСМ, кој на Алијанса ѝ го зеде Министерство за здравство, на чие чело е именуван д-р Венко Филипче.





