Таравари до луѓето и компаниите во западниот дел на РМ: Не инвестирајте во џамии, туку во болници и училишта!

„За време на предавањето во употреба на реновираното интерно одделение на Клиничката болница во Тетово министерот за здравство Арбен Таравари ги повика компаниите да инвестираат повеќе во училиштата и болниците.“ – објави ТВ Алсат.



ТВ Алсат ја пренесува изјавата, која ја даде Таравари во споменатиот контекст: „Повеќето наши луѓе и компании, особено во Западна Македонија, инвестираат во џамии, што е многу добро, но сигурно ќе направите многу повеќе себап – добродетелства, ако инвестирате во училишта и болници и ако ние ги подобриме условите во местата, каде што учат нашите деца, или каде што добиваат здравствени услуги.“