Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, зборувајќи за уставните измени, уште еднаш потврдува дека премиерот Мицкоски прифатил такво нешто само ако се добијат гаранции од меѓународниот фактор и од Софија дека нема да има нови блокади во иднина. Според Таравари, барањето на Владата е уставните измени да се направат со одложено дејство. Тој додава дека поранешните властодршци лажеле неколкупати кога велеле дека земјата го започнала евроинтегративниот процес. Таравари ова го изнесе во интервју за ТВ Клан Македонија.
Телевизијата ги објави ставовите на Таравари во врска со оваа проблематика: „Премиерот бара само една гаранција, гаранцијата што ја бара е одложено дејство, тој дополни дека сме подготвени да ги направиме уставните измени, но да нема други условувања, за да не изгледаме смешно како во 2018, кога тогаш премиерот и пет министри се фотографираа во авион и велеа „аирлија нека ни е членството во ЕУ. Од 2018 година досега изминаа пет години, а ние се уште не сме ги започнале преговорите со ЕУ. Нас не убедуваа и пред две-три години дека сме ги почнале, но еве не сме ги започнале.“ – посочи Арбен Таравари.
Во врска со оваа тема тој ѝ упати предизвик на ДУИ: истакна дека Вреди е подготвена да излезе од Владата, за да им ослободи место на „интегристите“, ако имаат формула да се спроведат уставните измени. „Ако има ДУИ решение, некоја формула, нека ни ја каже и ако е пречка Вреди, што е во Владата, тогаш нека влезе ДУИ со оваа формула во Владата и нека ги направат уставните измени.“ – рече Таравари.





