Таравари: Бугарите ќе влезат во Уставот по изборите – ќе се избришат „20 отсто“ за Албанците, оти се државотворци

„Заврши времето на претседателите, на кои им се даваат ножици во рака, сечат ленти за предавање во употреба и кои живеат во кристалните претседателски палати, губејќи секој допир со реалноста.“изјави Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на албанската опозиција а при неговото претставување од страна на албанската опозиција „Вреди“ во кампањата, која се одвива под мотото „Народот прв“. Ова го објави ТВ 21.



„Сакам да бидам претседател на народот, претседател кој ги претставува интелектуалците, професорот, студентот, механичарот, докторот, наставникот и кој било друг, што се уште не си заминал., сакам да ги претставувам Албанците, Македонците, Турците од секоја етничка припадност за да ја направиме оваа земја поубава, а не поделена.“ – дополни Таравари во своето истапување.

Инаку, тој веќе ја изложи својата програма, во врска со која нагласи: „Основата на мојата програма се уставните измени, бидејќи тие се наш услов да продолжиме на европскиот пат. Вклучувањето на бугарското и другите малцинства во уставот е задолжително и тоа ќе се реализира многу бргу по формирањето на новата влада, во која ќе биде и опозицискиот Европски сојуз за промени. Кога ќе се отвори уставот, треба и да се отстрани ограничувачкиот термин за Албанците ’20 проценти’, бидејќи ние сме државотворци и време е да бидеме  со нашето име како Албанци во уставот. Претседателот треба да биде изгласан во собранието и со тоа ќе имаме вистинска можност да  избереме претседател-Албанец.

Вчера во Гостивар на конвенцијата лидерите на трите опозициски партии, Демократското движење, Алтернатива и Беса, ја критикуваа власта, обвинувајќи ја дека се обидува да го замолчат народот. „Денес ‘големиот брат’ ДУИ како владејачка партија им ги организира животите на Албанците, им ги пишува вестите, историјата, им бира лекари, ги назначуваат судиите, па дури и каква музика да се слуша диктираат. Кој ќе се осмели да ги прекрши правилата на партијата се отпушта со монтирани пресуди, со дискредитација на медиумите и сето тоа во име на националната кауза.“ – изјави Изет Меџити.