Арбен Таравари рече дека ВЛЕН ќе има седум заменици министри при соопштувањето на имињата на оние на Алијнса на Албанците ткако рече дека се префрлени во централното претседателство.



Според него во Министерството за одбрана заменик министер ќе биде Илфете Исмаили, а во земјоделство Флакрон Беџети.

„ВЛЕН знае дека има 7 заменици министри. Знам дека Алијансата за Албанците има земјоделство и одбрана, транспорт и врски, МВР, спорт, образование е шесто и култура. …
Заменик министер за одбрана ќе биде г-ѓа Илфете Исмаили, а заменик министер за земјоделство Флакрон Беџети“, рече Таравари.

Претходно другите три партии од коалицијата „ВЛЕН“ ги објавија имињата на предложените кандидати за заменици министри.

Движењето Беса го предложи Седат Сулејмани за заменик министер во Министерството за култура и туризам. Алтернатива ја доби функцијата заменик министер во новото Министерство за спорт, каде што ја предложија поранешната заменичка Сафие Садики Шаини, а за заменик министер во Министерството за образование и наука Љуљзим Али.

Демократското движење на Изет Меџит има двајца заменици министри, Муамет Амети за МВР и Калтрина Зеколи за транспорт и врски.