Спикерот на македонскиот парламент смета дека промена на името на држава може да се направи доколку парламентарното мнозинство изрази желба за тоа.
Во емисијата „Патот кон…“ на Алсат М, Талат Џафери изјави дека поради континуираната висока поддршка за евроинтегративните процеси од граѓаните, Собранието имало целосен легитимитет во нивно име да одлучува и за прашањето за новото име.
За предлогот „Нова Македонија“, кој деновиве се споменуваше како наводно ново име за Република Македонија, Џафери вели дека не сака да коментира предлог кој не е официјален.
Депак, тој смета дека таквото име, како варијанта, не би било неприфатливо за Албанците во земјава.
https://www.facebook.com/vecer.mk/videos/10156531896409879/






