Тагата и лутината на роднините на жртвите од Кочани злоупотребена како во случаите со Тамара и Мартин Нешковски (ВИДЕО)

Оправданата тага и лутина на роднините на жртвите од Кочани е злоупотребена како во случаите со Тамара и Мартин Нешковски.



Морбидната и некрофилска политика на СДСМ во Кочани за дел од јавноста наликува на случаите со малата Тамара и Мартин Нешкоски кои социјалдемократите во времето на Заев и Шарената револуција ги злоупотребија за политички поени.

Исто како пред десетина години кога СДСМ обвинуваше и ги злоупотребуваше случаите со Тамара и Мартин Нешковски и сега Бихаќка се обидува врз грбот на тагата на роднините на жртвите од Кочани да ја нападне власта на ВМРО-ДПМНЕ и да добие политички поени.

Пред една деценија се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаква злоупотреба или незаконско постапување за Тамара и Мартин Нешковски кој беше експресно осуден за подоцна Заев да се слика со него.

Иако потпретседателката на СДСМ Чупевска признава дека нејзината партија нема докази за било каква злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ за настаните во Кочани социјалдемократите не запираат со морбидната и некрофилска политика која треба да им донесе политички поени.