Судијата што му пресуди две години затвор на возачот кој ја прегази Теодора сам си ги поправал оценките на факултет

Судијата Ељведин Ферати, кој денеска му досуди казна од две години затвор на возачот Менсур Пајазити, кој смртно прегази 22-годишната Теодора Ристевска на пешачки премин во Тетово, е истиот судија кој на крајот на 2023 година беше фатен дека си ги пречкртувал и поправал сопствените оценки на Правниот факултет на Државниот тетовски универзитет (ДУТ), поради тоа што му бил потребен повисок просек, пренесува МКД.мк



Тој се пријавил на оглас за Академијата за судии и обвинители со лажна просечна оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.

Ова го откри Државниот просветен инспекторат во декември 2023 година, кога по налог на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), ја проверил документацијата на сите досегашни кандидати кои биле примени и дипломирале на Академијата за судии и јавни обвинители.

Државниот инспекторат потоа влезе на Тетовскиот универзитет, каде во Матичната книга на Катедрата по право, кај Ферати имало поправено три оценки со пречкртување.

Тој денес досуди дека Пајазити, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до прописите, со што го загрозил јавниот сообраќај.

Извор: https://mkd.mk/makedonija/zatvor-od-2-godini-za-usmrtuvanjeto-na-teodora-dosudi-sudija-koj-sam-si-popraval-ocenki-na-fakultet/