Судете како сакате јас ќе го веам сонцето од Кутлеш и ќе се борам пак да стане знаме на Македонија, судење на Менкиноски

Судете како сакате јас повторно ќе го веам сонцето од Кутлеш и ќе се борам пак да стане знаме на Македонија.



Ова е изјавата дадена од адвокатот Тони Менкиноски дадена на судењето пред охридскиот суд каде тој се гони за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш.

Менкиноски се гони од СВР Охрид за истакнување на знаме за кое нема забрана за јавно користење.

Како и на претходните судења неговите пријавители од СВР Охрид кои по налог на екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му поднесоа пријава не се појавија на судењето.

По утврдување на доказите охридскиот суд донесол ослободителна пресуда за Менкиноски за еден од случаите за кои се гони.

Двата пати огромното знаме со сонцето од Кутлеш се веееше во Охрид, еднаш лани за Водици вториот пат на 27 Април во чест на осудените граѓани за настаните во собранието.

Со пресудата преку институтот судска пракса во вода треба да паднат сите прогони на граѓани кои го истакнуваат македонското етничко знаме со сонцето од Кутлеш.

Адвокатот е бранител на Македонците во Бугарија со кои има добиено многу пресуди пред Судот за човекови права во Стразбур.

Менкиноски од Македонците во Бугарија никогаш не побарал никакви средства за дадената правна одбрана.