Поддршка на студентите во Србија кои веќе два месеци организираат протести, блокади и акции во борбата за поправедно општество, најавија за денеска студенти од Сплит и Загреб.
Собирите се закажани за 11,52 часот.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да им се придружат и да изразат солидарност со 15-минутно молчење.
Нови Сад денеска го слави денот на градот, а се навршуваат и три месеци од трагичното уривање на настрешницата на новообновената железничка станица, во која животот го загубија 15 лица.
Како што истакнуваат организаторите, студентите во Србија станаа авангарда на протестите, покажувајќи дека општествените промени се можни преку истрајност, ненасилни акции и заедништво.
Нивната борба инспирираше многумина, а пораката од Сплит и Загреб е јасна – солидарноста не познава граници, пренесува Индекс.хр






