Страшни податоци за бројот и интензитетот на малтретирани деца во македонските училишта покажува најновата студија направена во земјава.
Еден од 10 ученици на возраст од 11 до 15 години е малтретиран во училиште најмалку 2-3 пати месечно, открива најновата студија на проектот HBSC при Светската Здравствена Организација за насилство меѓу врсници во Македонија.
Поддржана од Програмата за фонд за популација при Обединетите Нации (UNFPA) наодите повикуваат на итна потреба од создавање безбедна средина во нашите училишта.
,,Здравственото однесување кај децата од училишна возраст” (HBSC) е проект на Светската Здравствена Организација за здравјето и благосостојбата на адолесцентите. Основана е во 1982 година, а анкетата ги спроведува на секои четири години со помош на прашалник за самопријавување.
HBSC ги користи наодите на национално, регионално и меѓународно ниво за да:
стекне нов увид во здравјето и благосостојбата на младите луѓе;
ги разбере социјалните детерминанти на здравјето; и
информира политиките и практиките за подобрување на животот на младите луѓе.






