Историчарот и копретседател на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, објаснува зошто во Бугарија не му се оддава почит на Јане Сандански, од чие убиство навршија 110 години, што беше поводот за денешниот Семакедонски собор во Мелник.
„Во Бугарија не го сакаат Јане Сандански, не го чествуваат, не чувствуваат почит кон него. Дури, напротив, не го сакаат воопшто поради неговите премногу јасни и силни македонски изјави што ги има дадено додека бил жив, за што има премногу сведоштва. На некој начин се има претворено во симбол на македонското малцинство во Бугарија, заедно со Никола Вапцаров, како човек од Пиринска Македонија којшто секогаш имал силна македонска свест и се залагал за правата на Македонците“, изјави за Сител борецот за правата на Македонците во Бугарија.






