Ракометарите и селекциите од овој спорт доминираа во изборот на Агенцијата за млади и спорт за 2017 година, а тој важи за официјален и најпрестижен во Македонија. Пикерот на Вардар и на нашата сениорска репрезенатција е број 1 во конкуренција на мажи, а каратистката Јована Георгиева е негов пандан кај девојките. Ракометарите беа најдобри и преку Раул Гонзалез кој е најдобар тренер, машката јуиорска селекција која е лауереат во нејзината категорија, а женската кадетска е најуспешен колектив во тај дел од изборот. Покрај нив и Кире Лазаров доби признание за посебен придонес во македонскиот спорт.
„Ми претставува огромна чест и задоволство, што тука пред спортскиот крем на Македонија ја добивам наградата Спортист на годината. Пред мене оваа награда ја освојуваа многу подобри спортисти од мене и ја сум среќен што сум во нивно друштво“ рече Стојанче Стоилов во пригодното обраќање при именувањето за најдобар спортист на нашава земја за годината што изминува.




