Стопанска Банка а.д. Битола продолжува да функционира самостојно

Согласно добиеното Решениe од Комисија за хартии од вредност на Македонија бр. УП 1/РА1 10-66 од 27.9.2024 година, а во врска со понудата на Комерцијална банка АД Скопје за преземање на акциииздадени од Стопанска банка а.д. Битола, ги известуваме клиентите и пошироката јавност дека истата се утврдува за нeуспешна, а Банката продолжува да функционира какосамостоен правен субјект, како и до сега, со сите редовниактивности.



Стабилноста и сигурноста на Стопанска банка а.д. Битола е на највисоко ниво, а депозитите на правните лица и населението се сигурни и постојано растат.

Банката има исклучително силна капитална и ликвидноснапозиција, што претставува сидро на стабилноста запонатамошните активности.

Стапката на адекватност на капиталот, којашто е мерка засолвентноста на банката тековно изнесува 26,1% (на крајотод вториот квартал на 2024 година беше 24,57%). Заспоредба, стапката на адекватност на капиталот на крајот навториот квартал на годината на ниво на банкарски системизнесуваше 19,04%, а кај групата на мали банки изнесуваше20,82%. Ова е доказ дека банката има висок износ накапитал и резерви, усогласени и надфрлени од капиталнитебарања на Народната банка и од оние на ниво на банкарскисистем.  

Воедно, ликвидноста на банка, којашто е мерка за редовнотосервисирање на обврските, е висока. 

Учеството на високо ликвидна актива во вкупната активатековно изнесува 40%, што е двојно повисоко од нивото набанкарскиот систем од 21% (со Кв.1 2024 година). Редовнатаисплата на сите обврски се одвива непречено. Населениетопродолжува да штеди и да ги орочува своите заштеди вобанката, а кредитирањето кое се одвиваше со намаленотемпо, ќе се засили во наредниот период. 

Сите финансиските показатели на Стопанска банка а.д. Битола укажуваат на сигурност и стабилност во работењето, а заклучно со 30.6.2024 година Банката оствари позитивенфинансиски резултат од 51,01 милион денари што е значајноподобрување во однос на 30.6.2023 година кога Банкатаоствари загуба од 53,69 милиони денари. Воедно со30.6.2024 година е остварен позитивен оперативен резултатод 75,92 милиони денари што покажува позитивнооперативно работење на Банката.  

Подетални информации за финансиските перформанси наБанката со последен квартал 30.6.2024 година се објавени наСЕИ-Нет на Македонска берза АД Скопје на следниот линкSEI Net V2.

Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на нашитеклиенти за досегашната укажана доверба и соработка којапродолжуваме да ја негуваме.  

Стопанска банка АД Битола продолжува да биде банка насите Вас! 

Традицијата продолжува.