Генералните секретари на НАТО вообичаено не ја напаѓаат политиката на најголемата и најважна земја членка на алијансата – САД, пренесува The Economist.



Но, Јенс Столтенберг, чиј десетгодишен мандат на чело е при крај, го направи токму тоа.

Во интервјуто на 24 мај, тој ги повика сојузниците на НАТО кои ја снабдуваат оружје Украина да ја укинат забраната за нивна употреба за напади врз воени цели во Русија.

Јасна цел, иако неименувана, на Столтенберг беше политиката што ја застапува американскиот претседател Џо Бајден, кој бара контрола што смее Украина да напаѓа со системите обезбедени од Америка.

„Време е сојузниците да размислат дали треба да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина.

Особено сега, кога има многу борби во регионот Харков, во близина на границата. забраната Украина да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија им отежнува многу да се бранат“, рече генералниот секретар.

Столтенберг истакна дека Русите ќе продолжат да напаѓаат и ќе добиваат одредени територијални придобивки во пограничната област, без оглед на загубите.

„Мораме да запомниме што е ова. Ова е руска агресивна војна против Украина. Украина има право да се брани. Ова вклучува удари цели на руска територија“, инсистираше Столтенберг.