Портпролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ги повика сите 12 раководители на Хирургија, „да не се кријат од јавноста, туку одговорно да излезат јавно да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена, и колкава опасност и штета предизвикува системот на компримиран воздух, додека економскиот директор шета на Азурен брег со други од администрацијата, а министерот се крие“.



Кко што рече на денешната прес-конференција, 15 дена растурените СДС и ДУИ повеќе се посветуваат на спас на партиски функции отколку што се грижат за пациентите кои ги враќаат од Хирургија и за колапсот на здравствениот систем којшто го предизвикаа со нивната негрижа и лакомост за провизии.

„Најголем број директори и раководители од 12-те оддели на Хирургија се на функција по седум години, исто толку години колку што СДС/ДУИ во здравството гледаа златна кокошка, наместо систем за заштита на здравјето на народот.

Петнаесет дена нема абер од надминување на состојбата на Хирургија, темелот на системот и сржта на терцијалното здравство, а тоа предизвика хаос на сите здравствени установи, и државни и приватни“ рече Стоилковски.