Стоечки овации долги 15 минути, триумф на Македонската опера во Софија (ВИДЕО)

Аплаузот и стоечките овации долги над 15 минути од пребирливата Софиската публика по изведбата на ,,Набуко” од членовите на ансамблот од Скопје траел петнаесетина минути, со што на најдобар можен начин поминало гостувањето на Македонската опера во Софија.



Триумфот на Македонската Опера покажа дека надвор од политичките популистички игри меѓу Скопје и Софија може да има не само позитивна енергија туку и да има крајно пријателски чувства.

Од видеото на воодушевен бугарски гостин на македонската изведба на Софиската опера можете сами да се уверите во каква атмосфера се одвиваше гостувањето на македонската опера кое го следеа и претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова и министрите за надворешни работи и култура Тимчо Муцунски и Зоран Љутков.