Преубавиот и многу почитуван во светот на модата, руски модел Тања Митушина (24) не се плаши отворено да го каже тоа што сака. Таа е свесна дека фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо има девојка која е бремена, но неа тоа нема да ја запре и премисли во намерата на Георгина Родригез (22) да и го преземе Роналдо бидејќи Тања тврди дека тој е мажот на нејзините соништа. Роналдо не дава никаков коментар, ниту пак, на ова се осврнува неговата сегашна девојка.



Фудбалерот е татко на три деца: Кристијано Јуниор (6) и еден месец старите близнаци Ева и Матеа. Неговата девојка Георгина наскоро ќе му го роди и четврто дете, но Роналдо нема да запре.

„Кристијано сака да има седум деца, бидејќи бројот седум е неговиот магичен број“, вели пријател на Роналдо.

За седумте проектирани деца „крив“ ќе излезе легендарниот тренер Алекс Фергусон (75), кој беше во Манчестер Јунајтед кога Португалецот пристигнал таму. Фергусон му го даде дресот со број 7, за кој Роналдо вели дека му носи среќа.