По дводневната пауза најдобрите македонски ракометари се вратија на скопските подготовки за Европското првенство во Хрватска кои во текот на следните денови предвидуваат и две пријателски средби. Тие се в четврток и в петок во Белград против Саудиска Арабија и Србија, и се практично единствени во овој циклус. Селекторот Раул Гонзалез денеска одреди дека голманот на Металург Мартин Томовски и бекот на Еурофарм Работник Горан Крстевски нема да патуваат на споменатите дуели што може, но и не мора да биде показател за конечниот список за Хрватска, зошто до него сепак, има уште десет дена.
Македонија на 13 јануари со меч против Словенија го отвора ЕП на кое во рамки на групата Ц не очекуваат и средби со Црна Гора и со Германија.






