Пратеничката од Вреди Саранда Имери-Стафаи му реагираше на Бујар Османи, кој рече дека ќе има политичка криза, ако не се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во октомври. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Саранда Имери-Стафаи им порача на Бујар Османи и неговите сопартијци од ДУИ: Криза има само во вашите џепови!
Јадете и пиете на државна сметка 22 години!
Срамота за политичар, кој се претставува како умерен, да упатува вакви закани!
Заврши вашето време!
#изнудувач“ – напиша Имери-Стафаи на општествената мрежа.





