Стерјовски: Малцинствата во Албанија да добијат загарантирани пратенички места

„Мораме да се погрижиме гласот на сите граѓани, особено на оние од малцинските групи, да се слуша праведно и ефективно, изјавил вчера Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, денеска учествуваше на тркалезна маса на дијалог во Тирана околу потребата од изборна рфеформа.



„Тоа значи дека на малцинствата да им се гарантира одреден број мандати во парламентот. Овој чекор не само што ќе ги збогати парламентарните дебати, туку ќе помогне донесените одлуки да ги одразуваат потребите и аспирациите на сите сегменти на општеството“, рече поранешниот пратеник во албанскиот парламент.

Според него, од суштинско значење е изградбата на силна евроатланска и инклузивна Албанија, каде секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, се чувствува претставен и ценет.

„Во моментов, регионалниот пропорционален изборен систем не е доволен за да одговори на потребите на различното општество како нашето и не гарантира правична застапеност на малцинствата, кои се распространети низ целата територија на Република Албанија, не само во одредени области.

Време е да земеме пример од европските земји како Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Германија, Полска, Белгија, Косово, Руската Федерација, скандинавските земји, кои успешно имплементираа вакви системи на претставување и ние да направиме позитивни промени“, нагласи тој, како што пренесе МКД.Мк

Според него и во петтиот мониторинг извештај за Албанија на советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа во 2023 година, од Албанија се бара да преземе позитивни мерки за да обезбеди застапеност на малцинствата во Парламентот.