Стаорец се прошета како „главен доктор” на Кардиологија


Пациент сними како стаорец шета низ ходниците на Кардиологија. Снимката стана вирална веќе три дена, а под неа има разноразни коментари. Дел се критики затоа што станува збор за здравствена установа, а други се исмејување на состојбите во Македонија.



„Направете место, доаѓа главниот доктор. Кардиологија ве поздравува“, пишува во еден од коментарите.