Ставрос Ѕимас: Притисок ќе има на двете страни, спорот ќе се решава наесен

-Притисоци ќе постојат и врз двете страни за да се согласат да се најде еден модус вивенди,  прогнозира во врска со името искусниот новинар и колумнист од весникот „Катимерини“, Ставрос Ѕимас.

Ѕимас во интервју за дописничката на „Нова Македонија“ од Атина Сања Ристовска, вели дека наесен може да се очекува сериозен развој на настаните. Новинарот кој важи за умерен и објективен набљудувач на случувањата во регионот смета дека сега главен приоритет за грчката надворешна политика е кипарското прашање и Атина не може да води две дипломатски битки за национални теми во исто време.



– Атина во овој момент е посветена ексклузивно и единствено на кипарското прашање. Број еден тема и приоритет во надворешната политика во овие денови, во овој период, е кипарското прашање. Па, така, сметам дека е невозможно да се отвори еден втор, под наводници, фронт за друго национално прашање, како што е решавање на отвореното прашање за името.

Новинарот на „Катимерини“ за „Нова Македонија“ вели дека токму оваа позитивна клима што во изминатите години се создаде помеѓу двете општества политичарите ќе треба да ја земат предвид како индиректна порака од граѓаните, а евентуалниот договор за името ќе треба најпрво да биде прифатлив за двете општества, за да не се расипе и да не се загади одново добрата и пријателска атмосфера меѓу обичните граѓани.
Целото интервју на Сања Ристовска за Нова Македонија на следниот линк