Српски новинар го откри убиецот на Оливер Ивановиќ, кој добил 40 илјади евра

Српскиот новинар Стефан Цветковиќ, објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ.



Според новинарот, до оваа слика дошле откако тој и неколкумина негови колеги – Албанци во Косово, долго време истражувале и дошле до информацијата дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 пати се до денот на атентатот. Истото лице го напуштило Косово само еден ден по убиството.

Според официјалните информации досега добиени од терен, се знае дека не се вклучени косовски или српски политичари во атентатот, туку дека убиството има сосема друга позадина.

Според Цветковиќ, атентатот на Ивановиќ „тежел“ 40 илјади евра. То обелодени уште две досиеја на луѓе за кои вели дека дополнително треба да се испитуваат. За едното се верува дека е „официјално лице вработено во косовска институција“.

Цело време додека истражува, Цветковиќ има целосен пристап до приватните камери, не само до оние на јавните места.