„Поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ, денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај.“ – соопшти МВР.
„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.“ – се наведува во соопштението.
СВР Скопје ги повикува граѓаните да ги почитуваат наредбите, што ги издаваат полициските службеници.





