Сред бел ден ограбена американската министерка за внатрешна безбедност

 

Кристи Ноем, секретар за внатрешна безбедност остана без чантата откако непознато лице ја ограбило додека вечерала во ресторан во центарот на Вашингтон, пишува Си-Ен-Ен.



Тајната служба, која ја обезбедува министерката, ги прегледала снимките од надзорните камери од ресторанот Капитал Бургер. На нив се гледа како белец носи медицинска маска како ја зема нејзината чанта и го напушта ресторанот, изјави извор од обезбедувањето.

Крадецот побегнал со министерска возачка дозвола, лекови, клучеви од стан, пасош, лична карта од Министерството за внатрешна безбедност, чанта со козметика, бланко чекови и приближно 3.000 долари во кеш.

Тајната служба покрена истрага за да утврди дали некој се обидел да ги искористи нејзините финансиски документи, додаде истиот извор.

„Целото нејзино семејство беше во Вашингтон, вклучително и нејзините деца и внуци.

Парите што ги повлече беа наменети за вечера, излети и велигденски подароци за семејството“, изјави портпаролката на Одделот за домашна безбедност.

Безбедносните експерти предупредија дека инцидент како овој, во кој крадец успеал толку да се доближи до членка на владата и да избега со нејзините лични работи, може да укаже на сериозен безбедносен пропуст.

„Ова е сериозно нарушување на безбедноста што може да има далекусежни последици и бара итна и темелна истрага од страна на Тајната служба, Одделот за домашна безбедност и други безбедносни агенции“, рече Џонатан Вакроу, висок безбедносен аналитичар на Си-Ен-Ен поранешен агент на Тајната служба.

„Доколку е потребно, Тајната служба ќе мора да го промени начинот на кој го организира обезбедувањето на вакви приватни настани“, изјави Вакроу за Си-Ен-Ен

Тој додаде дека Кристи Ноем „и понатаму е изложена на зголемен ризик од насочени закани, и странски и домашни, а нејзината јавна функција сама по себе ја прави – цел“.