Средба на македонски и грчки претставници во Солун што може да ја смени иднината на регионот

Денеска во Солун се случила средба на македонски и грчки владини претставници што на среден рок може да ја смени транспортната мапа на регионот.



Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски објави дека во Солун се разговарало и за инфраструктурно поврзување.

,,Денеска во Солун остварив билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политика на Грција.

Разговаравме за економската соработка меѓу двете земји, економскиот развој на регионот и можните заеднички проекти, посебно во делот на инфраструктурното поврзување”, објави Николовски.

Во соопштението не се споменуваат конкретни проекти како на пример железничкото поврзување со брза пруга преку Коридорот 8, тема што е актуелна во регионот.