„Министерот за европски прашања на * Македонија Орхан Муртезани денеска во Тирана оствари средба со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани.“ – соопшти Министерството за европски прашања на * Македонија. Ова го пренесе приштинскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Весникот пренесува: Оваа средба, нагласуваат од Министерството за европски прашања на * Македонија, ја одразува засилената обострана посветеност за напредок на интегративниот пат на двете пријателски држави кон ЕУ. Во овој контекст Муртезани ја нагласи подготвеноста на * Македонија да ги започне преговорите до крајот на оваа година, што би бил дополнителен импулс за продолжување на заедничките напори во унапредувањето на европскиот пат.
„Муртезани и Хасани го потврдија традиционалното пријателство и блиските билатерални односи. Тие разговараа за засилување на дипломатските врски и регионалната стабилност преку заеднички пристап во справувањето со предизвиците од европската агенда. Тие ја истакнаа важноста на регионалната солидарност во овој процес, како и заедничката определба на * Македонија и Албанија да ги спроведат неопходните реформи во согласност со европските стандарди“, се наведува во соопштението.
Муртезани посочи дека дека соработката во реформските агенди преку изработка на заеднички планови за работа за клучните области овозможува поголема ефикасност и засилување на реформските процеси за двете земји.
Home Македонија Средба на „европските“ министри на Македонија Муртезани и на Албанија Игли: Разговарано...





