Средба Мицкоски-Рокас: Македонските напори на патот кон ЕУ мора да бидат валоризирани

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со новиот амбасадор на ЕУ во Македонија. Тие разговарале за македонските напори на патот кон ЕУ.



“Денес остварив средба со амбасадорот и шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас. Разговаравме за потребата за фасилитирање на процесот на членство на државава во Европската Унија, подвлекувајќи дека македонските напори на тој пат мора да бидат валоризирани. Посветени на процесот ќе успееме да ги надминеме пречките” напиша Мицкоски.