Средба Мицкоски- Григоријан

Премиерот Мицкоски одржал средба со амбасадорот и постојан претставник на УНДП, Армен Григоријан.



-На средбата се заблагодарив за поддршката и разменивме мислење за Националната стратегија за развој, која е заеднички документ кој ќе придонесе за интензивирање на развојот на државата и постигнување на повисоки стандарди. Воедно ја посочив нашата подготвеност и за соработка и на повеќе други полиња, напиша Мицкоски.