Средба Ахмети-Радуков: Мора да се спроведе преговарачката рамка и уставот да се промени, бугарската заедница во Р*М е реалност!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети го прими новиот амбасадор на Бугарија во Скопје Желјаско Радуков во партиското седиште во тетовска Мала Речица. Ахмети му честиташе на амбасадорот Радуков за неговото враќање во * Македонија и го увери дека ќе продолжи и натаму блиската соработка во функција на европската иднина и добрососедството. Ахмети и Радуков разговараа заеднички за преговарачката рамка на Европската унија и интеграцијата на земјата во ЕУ, како и за сегашната политичка состојба во земјата и регионот. “ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, пренесувајќи го соопштението на ДУИ, објавено по оваа средба, во кое инаку, не е наведено конкретно кои ставови ги изнел бугарскиот амбасадор. ДУИ нема приложено фотографија од оваа средба кон своето соопштение.



Натаму, ИНА го пренесува соопштението на „интегративците“ во кое се истакнува: „Преговарачката рамка, одобрена од Европската унија, е јасна и мора да се спроведе, за да го продолжиме нашето патување кон Брисел. Бугарската заедница во * Македонија е реалност и треба да биде вклучена во Уставот. Од ова не губи никој ништо, напротив, сите добиваат. Приоритет на ДУИ е токму продолжување на европското патување, затоа уставните измени мора да се случат веднаш,  бидејќи граѓаните очекуваат да станеме дел од Европската Унија.“

Ахмети повтори дека Охридскиот и Преспанскиот договор, како и Договорот за добрососедство, се определби на ДУИ и оти ќе се ангажира за нивна поддршка и спроведување.“

„Ахмети и Радуков разговараа и за политичката состојба во земјата. По тој повод Ахмети зборуваше за тенденцијата на власта со моноетнички легитимитет и на надгласувачкиот Уставен суд целосно да го загрозат Охридскиот договор, неговиот дух и општествената кохезија во нашата земја нас со наметнување етничка надмоќ. Ова е неприфатливо. ‘Чесните’ и повластени Албанци, избрани од ВМРО ДПМНЕ, се откажуваат од Европа, но и од еднаквоста, омаловажувајќи ги и понижувајќи ги Албанците, заради нивните корумпирани фотелји и мотиви.“ – изнесе ДУИ во своето соопштение по денешната средба на нејзиниот лидер Али Ахмети со бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков.