Еден сребрен и два бронзени медали е билансот на петчлениот македонски тим на 54. Меѓународна олимпијада по физика во иранскиот град Исфахан, на која учествуваа 197 ученици од 46 држави во светот.
Само седум дена по златото на 8. Европска олимпијада по физика, Јан Стојановски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, за првпат на Македонија ѝ донесе сребро на светската смотра на најдобрите физичари на средношколска возраст.
Бронзи освоија Емилија Николовска, ученичка во четврта година во Математичко-информатичката гимназија во Скопје, како и Андреј Стојановски, ученик во трета година во „Јахја Кемал“.





