Иако често избегнува митинзи на отворено најверојатно за да ја скрие малата бројка на присутни луѓе во предизборната кампања СДСМ дури и во затворени сали има проблем со пополнување на седиштата со партиски активисти.
Примерот со предизборниот настан на СДСМ Штип каде имаше полу-празна сала отвора дилема дали членовите на СДСМ се срамат да седнат зад носителите за да не бидат видени од јавноста, дали има бојкот, дали СДСМ генерално нема доволно луѓе дури и за затворен простор или се работи за нешто трето.
Од видеата и фотографиите од презентацијата на кандидатите за пратеници во Штип јасно се гледа дека за време на настанот празни се десетици седишта зад високите функционери на СДСМ Благој Бочварски, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски.






