Социјалистичката партија на Македонија оценува дека повторно се случи нов срамен настап на Бујар Османи кој упорно се обидува да ја убеди македонската јавност дека Грција го исполнила Преспанскиот договор, а Македонија не, се вели во соопштението на СПМ.



„Овој залутан хирург, кој очигледно е недоволно подготвен за надворешната политика, до последниот ден злобно работи против својата држава.

Османи сфаќа дека народот не го прифаќа Преспанскиот договор кој е предавнички за Македонија и македонскиот народ но и натаму упорно лаже дека со тоа се остварува евроатланската перспектива.

Ретроградните и поразителни политики на Бујар Османи ќе бидат запаметени како не треба да се работи за Македонија, а тој упорно работеше и работи за други држави и интереси на штета на македонските.

Запирањето на патот на Македонија кон Европа е заслуга на СДС и ДУИ односно на Заев и Османи и нивните криминални и коруптивни предавнички политики во земјата и подреденоста кон соседите“, се вели во соопштението.

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека Заев и Османи се трговците со Македонските идентитетски прашања кои мора да одговараат за велепредавства и да ги сносат штетите.