Конфузија кај спикерот на Собранието откако вчера Пропадна и вториот обид Измените на Законот за игри на среќа да поминат во Собранието.
Збунетиот претседател на собранието Јован Митревски од СДСМ прво рече дека законот е донесен за потоа да рече дека не е донесен.
На листата на пратеници вчера во собранието се гледа дека присутни биле 109-мина, од кои гласале 73-ца. 51 пратеник се изјасниле „за“, 22-ца „против“, а 36-мина не гласале, меѓу нив и пратеници од владеачкото мнозинство.
Во Собранието по гласањето настана конфузија откако собранискиот спикер Јован Митревски прво соопшти дека измените не се донесени, а по кратка пауза и консултација со собраниските служби дополни дека законот е изгласан, но не е усвоен, повикувајќи се на членот 75 од Уставот, според кој, при повторното разгледување на законот, тој треба да добие поддршка од најмалку 61 пратеник што би го обврзало претседателот на државата да го потпише указот, а со што законот и официјално би стапил во сила.
Браво, браво. pic.twitter.com/ZNCfEcHhSe
— Боби (@BatmanSaysT) March 14, 2024






