Хју Хефнер основачот на Плејбој почина во средата на 92 годишна возраст, објави Playboy Enterprises Inc. Хефнер починал мирно од природна смрт во неговиот дом во Лос Анџелес опкружен со неговите најблиски. Тој беше американски бизнисмен, најпознат по тоа што го основал Лајфстајл списанието „Плејбој“ во 1953 година.

Првиот број на Плејбој е познат по тоа што на насловната страница беше фотографирана актерката Мерилин Монро комплетно гола, а беше продаван за 50 центи и објавен без датум во случај да нема друго издание. Првиот тираж беше продаден за неколку недели.
Во 1992 година, Хефнер купи место на познатите гробишта наречени Западен меморијален парк за 75.000 долари. Според неговите желби, тој ќе биде погребан веднаш до гробот во кој почива Монро.
Хју е роден во Чикаго и кариерата ја започна како новинар во Ескир, а ја заврши како главен креативен директор на Playboy Enterprises. Благодарение на успехот на Плејбој, тој стана милионер, а неговата нето вредност пред смртта е проценета на повеќе од 43 милиони долари. Хефнер, исто така, беше и политички активист и филантроп кој беше активен по голем број јавни прашања. Тој беше и ветеран од Втората светска војна.

Списанието „Плејбој“ се објавува еднаш месечно и во него се прикажуваат фотографии од голи жени, заедно со разни статии за модата, спортот, за новите производи и за јавните личности. За Хефнер, во меѓувреме се напишани кратки стории од познати писатели како што се Артур Кларк, Иан Флеминг, Владимир Набоков и Маргарет Атвуд, а многу познати фотографи работеа за него како Ричард Фигли, Вилијам Фиџ, Арни Фрајтаг, Рон Харис, Дејвид Мецеј, Рус Мејер, Помпео Посар, Сузан Рандал и други.
Покрај главното издание на весникот во САД, специјални национални изданија на Плејбој се издаваа во целиот свет, а на овие простори прво беше хрватското издание на „Плејбој“ кое беше лансирано во 1997 година.
Во интервју во 2013 година Хју Хефнер откри дека во животот спиел со повеќе од 1000 жени.





