Дејан Манасков постигна ретко, ретко виден гол во финишот од дуелот со Чешка, и тоа за водство од 23-22 во тој миг, но потоа загубивме со 25-24.
Пред скокот од никаде, Мартин Велковски беше фатен во ситуација еден на еден од Томаш Мрква, топката се подига до плафон, па од високо паѓа во шесте метри и ротира. Чесите затвораат, но крилото на Македонија полетува за нешто што нè подигна, нè крена од сивилото што нè беше зафатило во претходниот период, но и тоа не помогна.





