Неколку владици на Српската православна црква дале согласност за операција со која владиката Јован кој што беше расчинет за финансиски криминал од МПА – ОА, треба да биде прикажан во Македонија како спасител на македонските национални интереси и со тоа од него да се симне етикетата на предавник.
Целта на акцијата на СПЦ е Јован да се појави како фактор кој ќе го убедува врвот на СПЦ и Патријархот Иринеј да дозволи влез на македонската политичка и црковна делегација во Манастирот Прохор Пчињски на 2 август, денот на одржување на првото заседание на АСНОМ и денот на македонската државност.
Планот првично го нарушил српскиот таблоид „Ало“ и другите српски медиуми преку кои патријархот Иринеј испратил преостра порака дека нема да дозволи прослава на АСНОМ по ниедна цена, но сепак во наредниве денови се очекува комуникација на меѓу СПЦ и македонските власти за ова прашање, во која пораките преку негови луѓе во Скопје треба да ги пренесува екс владиката на МПЦ – ОА Јован.
Според оригиналниот план Јован треба да издејствува прослава на АСНОМ а за возврат, дури и да не дојде до прослава на Илинден, премиерот Заев во иднина треба да го убеди врвот на МПЦ – ОА да биде помек во односите со лидерот на ПОА и српски егзарх во Македонија.
Во Белград сметаат дека овој план е изводлив откако минатата недела архиепископот Стефан и неколку владици на МПЦ – ОА беа на средба во македонската влада која минала во најдобар ред и се договориле за соработка.
Дел од српските владици кои што знаат за планот сметаат дека единствен начин Јован да добие на тежина и да биде од корист за СПЦ е тој да се врати во Македонија каде што сега нема ниту значителен број следбеници ниту пак брзо може да изгради црковна инфраструктура надвор од МПА – ОА.



