Спасени се седумината од огнениот обрач во куќа во селото Стројманци, кај Свети Николе!

Седумте лица, кои беа заглавени во куќа во селото Стројманци, кај Свети Николе, се безбедно евакуирани. Најпрво полициски хеликоптер фрлил вода врз огнениот обрач и направил дупка во огнот, низ која бргу влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле седумте лица, чии животи беа сериозно загрозени.

„Голема благодарност до храбрите доброволни пожарникари и до храбрите македонски пилоти.“ – нагласи директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.