Со 140 денари не се живее, реагираат студентите

Инфлацијата зголемена, студентскиот оброк од 140 денари низок за студентите, се жалат тие. Парите не се доволни за да се прехрани еден студент,а уште повеќе се револтирани што надлежните размислувале за зголемување на партиципацијата.



„.Како прво овие пекарите на Бит пазар немаат можност да се плаќа со картичката. Имаме бифиња кај нас на факултетите, но реално влезете внатре да видите што може да купите со 140 денари. Кафето е само 70 денари, ништо не може да се купи“, вели за Телма студентка.

„Мислам дека не, сепак е малце“, вели за Телма студентка

„Јас не го земам бидејќи не ми менува многу, бидејќи се сепак 140 денари и дали ќе ги земам или не ми е сосема сеедно, но на другите мислам дека им менува“, вели за Телма студентка.

На инстаграм профилот на Телма на прашање Дали сумата од 840 денари е доволна за неделен студентски оброк и со три понудени одговори најголем процент од студентите одговориле дека оброкот треба да биде 6000 денари месечно. Онне што учествуваа во анкетата сметаат дека сите студенти треба да добиваат ист студентски оброк, а не да зависи од успехот или од тежината на факултетот. За екс премиерот Димитар Ковачевски пак, подобро е што има 140 денари студентски оброк отколку ништо.

„Ние донесовме решение за студентски оброк. Во минатото не постоеше студентски оброк, значи износот на студентски оброк во минатото изнесуваше нула во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ а ние го воведовме со сума од 120 денари на ден сега е 140 денари на ден и се исплаќа непречено. Н: Доволни ли се 140 денари? – 140 денари се многу повеќе отколку нула“, вели Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

Сумата за дневен студентски оброк останува 140 денари. Но со измените кои ќе стапат на сила на први март, парите ќе може да се собираат на неделно ниво до 840 денари. Парите мора да се потрошат за една недела, а не како досега, за еден ден до полноќ. Во анкетата на инстаграм профилот на Телма, најдобро решение е парите да се трошат во продавници, пекари или сендвичари, додека само 16 % сметале дека студентскиот оброк треба да биде за здрава храна, зеленчук и овошје.

Извор: Телма.мк